Ecomondo 2025 – Rimini, Italy
Ecomondo претставува водечки европски саем посветен на циркуларната економија, одржливиот развој и зелените технологии. Настанот ги обединува најважните компании, институции и експерти од целиот свет, кои ги претставуваат најновите иновации во управувањето со отпад, рециклирањето, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.
Овој саем е место каде што визиите за одржлива иднина се претвораат во реални проекти, партнерства и решенија што ја менуваат иднината на индустријата.

CONOU, Италија – експерти во собирање и регенерација на употребено масло. Разговаравме за процесот од собирање до трансформација и идеи за одржливи решенија во нашите операции. Претставниците на CONOU споделија искуства за ефективно управување со отпадните масла и иновативни технологии за нивно повторно користење. Средбата беше одлична можност за размена на знаење и потенцијални идни соработки на полето на одржлива енергија и циркуларна економија.“

„Остваривме средба со претставниците на COMI S.r.l. од Италија, компанија специјализирана за опрема за правилно складирање на бурња, канистри и специјални контејнери за отпадно масло. Разговаравме за нивните решенија за безбедно и ефикасно управување со отпадните течности, како и за можностите за примена на ваквата опрема во нашите операции. Средбата беше одлична можност за размена на знаење и разгледување на идни соработки во областа на одржливо управување со индустриски отпад.“

ICO Emergency – експерти во апсорбенти и комплети за итни интервенции. Разменивме идеи за ефикасно справување со испуштања на течности и подобрување на безбедноста и заштитата на животната средина.

Остваривме средба со претставници на компанијата која нуди различни типови и големини на танквани за буриња и канистри за складирање на отпадни масла и течности. Разговаравме за нивните безбедни и ефикасни решенија и идеи за примена во нашите операции.“










