ЕМИСИЈА ,,ВО ЖИВО-ПРОГРАМА НА ГРАДОВИ“

Во гостувањето, директорот на Оилтек ја претставува улогата на компанијата во системот за управување со отпадни масла како опасен отпад. Тој го објаснува процесот – од собирањето и преземањето на отпадните масла, преку нивниот транспорт и соодветното постапување, до крајното искористување и рециклирање.

Разговорот го доближува процесот до граѓаните и компаниите и ја истакнува важноста од правилното постапување со отпадните масла за заштита на животната средина и создавање поодржлив систем на управување со отпад.