З аедно со директорот Александар Крстевски и тренерот Милан Илиевски од младинската школа на ФК Вардар, реализиравме една интересна реупотреба на два ИБЦ садови, кои отсега ќе служат како ледени бањи за рекуперација на младите фудбалери по напорните тренинзи.
Во ОИЛТЕК веруваме дека многу работи можат да добијат нова функција кога зад нив стои добра идеја. Со вакви иницијативи ги поттикнуваме одржливите решенија, а воедно даваме поддршка и на спортот и на младите генерации.











