СОБИРЕН ЦЕНТАР ЗА ОТПАДНО МАСЛО КРИС и ТОМ

ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОБИРЕН ЦЕНТАР ЗА ОТПАДНО МАСЛО

Во рамки на соработката со КРИС и ТОМ, ОИЛТЕК ДОО инвестираше во изведба на специјализиран собирен центар за отпадно масло, со цел обезбедување на соодветни услови за негово безбедно и организирано складирање.

Во собирниот центар ќе биде поставена соодветна опрема наменета за правилно складирање на буриња и ИБЦ канистри со отпадно масло, со што ќе се овозможи контролирано собирање и привремено складирање до неговото понатамошно преземање и постапување.

Оваа инвестиција претставува уште еден конкретен чекор на ОИЛТЕК ДОО во развојот на инфраструктурата за правилно управување со отпадното масло и воспоставување повисоки стандарди за безбедност, организација и заштита на животната средина.