MASWA – Македонска асоцијација за управување со цврст отпад е професионална асоцијација која работи на унапредување на одржливото управување со отпад и развојот на циркуларната економија во Северна Македонија. Таа ги поврзува компании, организации и експерти од областа на управувањето со отпад, со цел размена на знаење, искуства и добри практики. MASWA активно придонесува кон развој на подобра правна и институционална рамка, професионална едукација и подигнување на свеста за правилно управување со отпадот. Асоцијацијата е национален член на International Solid Waste Association (ISWA) и организира стручни обуки, конференции и други активности поврзани со одржливото управување со отпад.













