ОИЛТЕК ДОО постави специјализирани танквани во објект на Макпетрол – Скопје, наменети за безбедно и контролирано складирање на отпадното масло.
Танкваните обезбедуваат соодветно секундарно задржување и дополнителна заштита при складирањето, со цел да се намали ризикот од истекување и загадување на животната средина.
Отпадното масло се складира на овој начин до неговото преземање од страна на лиценциран транспортер за отпадно масло, со што се овозможува безбедно и организирано постапување со отпадот во текот на целиот процес.
Со поставувањето на ова решение, ОИЛТЕК ДОО придонесува кон воспоставување повисоки стандарди за безбедно складирање и одговорно управување со отпадното масло.











