Кар Клуб Битола

ОИЛТЕК ДОО беше спонзор и активен учесник на големиот автомобилски настан организиран од Кар Клуб Битола, кој собра голем број љубители на автомобили и учесници од автомобилската заедница.

Во рамки на настанот, ОИЛТЕК ДОО спроведе информативна и едукативна кампања посветена на правилното постапување со отпадното масло, со цел подигнување на свеста за неговото правилно собирање, складирање и предавање на овластени субјекти.

Преку директна комуникација со посетителите и учесниците, ги информиравме за значењето на одговорното постапување со отпадното масло и за важноста од спречување на негово неконтролирано истекување и испуштање во животната средина.

Како дел од нашето присуство, ОИЛТЕК ДОО обезбеди и пригодни подароци за учесниците, со што дополнително ја доближивме нашата порака до автомобилската заедница.

Со поддршката на вакви настани, ОИЛТЕК ДОО ја потврдува својата определба активно да придонесува кон едукација, подигнување на јавната свест и промовирање на одговорно управување со отпадното масло.