Кога конкурентите работат за иста цел: ОИЛТЕК повторно над националните цели

Компании кои увезуваат и пуштаат масла на македонскиот пазар и секојдневно се конкуренти меѓу себе, преку Оилтек работат заедно на една цел – отпадното масло да биде собрано, безбедно складирано и правилно преработено. Резултатите веќе се гледаат: повеќе од 450 тони беа собрани во 2025 година, а само до крајот на август оваа година се собрани нови 430 тони.

Во 2025 година над 300 тони отпадно масло беа преработени, а Оилтек постигна стапка на собирање од 28% од количините масла пуштени на пазарот од компаниите членки, значително над националната цел од 15%.

 

 

Резултатот продолжува и годинава. Со околу 430 тони собрани за осум месеци, системот веќе се приближува до количината собрана во текот на целата претходна година.

За Оилтек, овие бројки не се само исполнување на законска обврска. Тие покажуваат дека сè повеќе отпадно масло влегува во организиран систем, наместо да завршува таму каде што може да претставува ризик за животната средина.

Од отпад до ресурс – инвестиции во домашна преработка

Еден од најзначајните чекори во развојот на системот во изминатиот период е инвестицијата во современа опрема за преработка и рециклирање на отпадни масла.

Целта е едноставна: што поголем дел од отпадното масло собрано во Македонија да може да се преработува во домашни капацитети, наместо да се извезува за третман во странство.

Со тоа отпадното масло престанува да се гледа само како еколошки проблем и добива можност повторно да се искористи како ресурс.

 

„За нас не е доволно само да собереме одредена количина отпадно масло и на крајот од годината да кажеме дека сме ја исполниле законската цел. Сакаме да изградиме систем што реално функционира – од местото каде што се создава отпадното масло, преку неговото собирање и безбедно складирање, па сè до преработката. Затоа инвестираме и во опрема, и во инфраструктура, и во домашни капацитети за третман“, вели Борче Кузмановски, управител на Оилтек



Опрема таму каде што отпадното масло се создава

Паралелно со инвестициите во преработка, Оилтек продолжи со поставување инфраструктура на местата каде што отпадното масло реално се создава.

Автосервиси, компании и други создавачи на отпадни масла добија специјализирани садови, резервоари и друга опрема за нивно правилно собирање и безбедно складирање.

 

Зошто е важно каде завршува старото масло?

Отпадното масло не е обичен отпад – станува збор за отпад кој се класифицира како опасен.

Ако неправилно се складира, истура или заврши во нелегални текови, претставува ризик за почвата и водите. Од друга страна, кога правилно ќе се собере и преработи, дел од него повторно може да се искористи како ресурс.

Токму затоа една од целите на Оилтек во изминатите три години е и подигнувањето на јавната свест.

 

 

https://www.crnobelo.com/novosti/promo/127234-koga-konkurentite-rabotat-za-ista-cel-oiltek-povtorno-nad-nacionalnite-celi