„Масла” се минерални, синтетички или индустриски масла, во течна или во полутечна состојба, маслата за менувачките кутии, како и маслата за турбини и хидрауличните масла;
„Отпаднo маслo” е масло кое крајниот корисник го исфрла, има намера да го исфрли или од него се бара да го исфрли. Отпадните масла се сметаат за какви било полутечни или користени течни производи целосно или делумно составени од минерално или синтетичко масло, вклучувајќи ги и мрсните остатоци од резервоари, смеси од масло и вода и емулзии;
„Преработка на отпадни масла” е кој било метод со кој се произведуваат базни масла од отпадни масла со примена на рафинериски процеси и со кои, особено, се отстрануваат загадувачите, производите на оксидација и адитивите содржани во овие масла;
„Обновување на отпадни масла” е секоја активност на рециклирање со која може да се создадат базни масла со рафинирање на отпадните масла, посебно со отстранување на нечистотии, производи на оксидација и адитиви содржани во овие масла;




